Perdormire
Спорт

НАЈДОБРИОТ ПРИМАЧ ВО МАКЕДОНИЈА ВЛАДО МИЛЕВ, ПОТПИША ДОГОВОР СО ЏИО-СТРУМИЦА!

Со гордост го објавуваме потпишувањето на договорот со најдобриот примач во Македонија! Владо Милев стави потпис на едногодишниот договор со можност истиот да биде продложен. После неколку сезони во странство повторно се враќа во актуелниот македонски одбојкарски шампион и е најголемиот трансфер во низата што ќе следуваат со што ќе го креираме силниот тим за престојната натпреварувачка сезона во македонското одбојкарско првенство и во европските натпреварувања!