Македонскиот прволигаш Академија Пандев важи за клуб кој можеби најмногу вложува во своите младински категории, кои често пати се учесници на квалитетни меѓународни турнири.
Така е и случајот сега, откако клубот од Струмица испрати свој тим на турнирот „Валтер Куп 2019“ кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Академија Пандев ќе учествува со генерација 2008, каде покрај македонскиот тим учество на турнирот ќе земат и многу познати екипи од Европа.
Во првото коло младите „пандевци“ ќе се судрат со своите врсници од италијанскиот гигант Рома.