НА НОВИОТ КОМПЛЕКС ВО СТРУМИЦА, ДЕНЕСКА „ПАНДЕВЦИ“ ЌЕ ИГРААТ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ВАРДАР!

февруари 10, 2019

Интересно ќе биде денеска во Струмица. Имено на новиот комплекс на „Пандев”, кој чини повеќе од 4.000.000 евра, инвестиција на Горан Пандев, ќе се одигра пријателски меч меѓу неговиот клуб и Вардар. Почетокот е закажан за во 14 часот а ќе се игра двапати по 60 минути. Тоа го барале и двајцата тренери, Југослав Тренчовски и Александар Васоски.

Како што велат луѓето од А. Пандев, нема да биде отворање на комплексот со оглед на тоа дека „пандевци” веќе одиграле неколку пријателски натпревари. Теренот е фантастичен, комплексот речиси да е готов, недостигаат само соблекувалните. А. Пандев на него ќе игра официални натпревари дури следната сезона. Такви се најавите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ