На денешен ден: Пандев ја освои ЛШ и го развеа македонското знаме, останатото е Историја!

мај 22, 2023

Toчно пред 14 години на денешен ден Горан Пандев стана третиот Македонец кој ја освоил Лигата на шампионите.

Интер во тоа финале во Мадрид го победи Баерн Минхен со 2:0. Пандев во таа фантастична генерација на Интер предводена од Мурињо во таа сезона освои се што можеше да се освои (Копа Италија, Серија А и Лига на шампиони).

Финалето Пандев го играше од првата мината, а двата гола за Интер ги постигна Диего Милито.

Вкупно во дресот на „нероаѕурите“ Пандев настапи на 47 натпревари и постигна 6 гола.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ