НА 9 АПРИЛ ШТРАПАРИЈАДА ВО СЕЛО САРАЈ – УЧЕСТВО ЌЕ ЗЕМАТ ОГРОМЕН БРОЈ ЉУБИТЕЛИ НА ОВОЈ СПОРТ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО!

март 31, 2023

На 09 април во село Сарај – општина Босилово, ќе се одржи досега најдобрата и најмасовна Штрапаријада на овие простори!

На истата учество ќе земат огромен број љубители на овој спорт од земјава и од странство!

На истиот настан ќе има БОГАТА ЛОТАРИЈА на која ќе бидат извлечени преку 100 награди за сите посетители!

Ќе има разновидни награди како бела техника, телефони, ваучери за јадење и слично, а главната награда ќе биде ловечка пушка од специјализираната продавница за оружје АС-ТО од Струмица!

Прекрасен натпревар на коњи, пиење, јадење, богата лотарија …

Бидете дел од овој незаборавен спектакл за кој ќе се зборува подолго време!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ