strumica denes logo

Младите надежи на ФК Беласица се вратија од Белград, Србија полни со нови искуства!

Автор:

Датум:

јуни 19, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 19, 2018

Категории:

Спорт

ФК БЕЛАСИЦА:

Одигравме два натпревари против Коервер-Врсач и Васариште од кои ги изгубивме и двата, но најважно од сѐ, се забавуваме и стекнавме нови искуства. Третиот натпревар против Сунце го добивме службено, бидејќи нивната екипа не се појави на теренот.

Поради тоа што не се пласиравме за понатаму, последниот ден го искористивме за да го прошетаме и разгледаме Белград. Ги посетивме Калемегдан и зоолошката што се наоѓа во близина на истото место.

Дружбата помеѓу младите беше прекрасна и навистина се чувствуваше тимскиот дух за време на целата авантура.

Сакаме да се заблагодариме на ПАРТИЗАН за прекрасната организација на турнирот.