strumica denes logo

Меѓународниот фудбалски турнир „Пандев Куп“ почнува утре

Автор:

Датум:

март 6, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

март 6, 2018

Категории:

Спорт

 

Првото издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Пандев Куп“, во организација на ФК „Академија Пандев“ ќе се одржи од утре до 10 март во Струмица.

На турнирот ќе учествуваат 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска во четири возрасни категории (фудбалери родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година) поделени во вкупно 16 групи од по четири екипи.

Ждрепката е веќе извршена, а познат е составот на групите, кои ветуваат интересно натпреварување.

Се игра по системот „секој со секого“, а првопласираните две екипи од секоја група одат во плеј-оф А, а третата и четвртата во плеј-оф Б.

Свеченото отворање на „Пандев Куп“ е закажано за утревечер во 19 часот на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Купот требаше да се одржи мината недела, но поради лошите временски услови беше одложен.