strumica denes logo

МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ НА МЕСЕЦОТ: ЉУПЧО ДОРИЕВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)

Автор:

Датум:

мај 22, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

мај 22, 2019

Категории:

Спорт
dav

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во дебитанската сезона во Првата лига, тимот на Академија Пандев избори пласман во Лигата на Европа, откако успеа да стигне до третата место. За многумина изненадување, но не и за добрите познавачи на фудбалската игра кои знаат со каков потенцијал располага тимот што го предводи Југослав Тренчовски.

Еден од најголемите адути на составот на Академија Пандев е Љупчо Дориев, кој со одличните игри во шампионатот, постигнувајќи клучни голови на неколку натпревари, се наметна во изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч за месец април.

„Голема чест е да се биде добитник на оваа престижна награда, најдобар фудбалер во Првата лига за месец април. Би сакал да ја споделам со моите соиграчи од тимот на Академија Пандев кои се и најзаслужни за моите голови. Фудбалот е тимска игра, поединецот е добар само ако зад себе има и квалитетен тим. Би сакал да се заблагодарам и на сите во клубот, на чело со шефот на стручниот штаб Југослав Тренчовски, и се разбира нашиот сопственик Горан Пандев“, вели Љупчо Дориев, најдобриот играч за месец април во изборот на МАКФУДБАЛ.

Академија Пандев реди успеси, клубот за првпат влезе во елитата и веднаш избори пласман во Лигата на Европа. В среда ќе биде дел и од големото финале во Купот на Македонија. Тоа очигледно е плод на добра клупска организација и напорна работа.

„Професионалната клупска поставеност и напорната работа носи резултати. Академија Пандев влезе во елитата со желба да обезбеди опстанок, но добрите игри и резултати не исфрлија и во трката за излез во Европа. Не сакавме да ја испуштиме големата шанса, ја грабнавме со двете раце, а в среда ќе испишеме и нова клупска историја, со настапот во финалето на Купот. Се надеваме на успех и прв трофеј за Академија Пандев во најмасовното фудбалско натпреварување“, истакнува Дориев.

Добрите игри во дресот на Академија Пандев му донесоа и репрезентативен статус. Тој се наоѓа на поширокиот список на селекторот Игор Ангеловски, a 23-годишниот напаѓач веќе е цел и на неколку странски клубови од Турција, Белгија, Грција и Австрија.

ИЗВОР:МАКФУДБАЛ