МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ЖИВЕЕ ЗА РАКОМЕТОТ – КИРИЛ ЛАЗАРОВ ОЧЕКУВА ГОЛЕМ УСПЕХ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО!

јануари 9, 2023

За три дена официјално ќе започне Светското ракометно првенство во сенирска конкуренција кое ќе се организира во две земји, Полска и Шведска од 11 до 29 јануари 2023 година. Македонската репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе игра во полскиот Краков, во групата „Ф“.

На 13 јануари од 20.30 часот ќе ги одмериме силите против фаворитот во групата Норвешка, два дена подоцна ривал ни е Холандија (18.00 часот), а во истиот термин на 17 јануари противник е Аргентина.

Првопласираните три селекции од секоја група ќе обезбеди пласман во главната рунда, а елимиранините ќе продолжат во „Президент купот“ за пласман.

– Читав нешто на Интернет и се изненадив кога видов што од овие четири репрезентации (група „Ф“) сме најслаборангирани, убедливо најслаби. Тоа мене ме зачуди, така не размислувам, но тоа е тоа, тоа се факти, аргументи, така ќе почнеме, не велам дека ќе бидеме аутсајдери. Аргентина на последното СП покажа дека може и против најдобрите. Холандија е репрезентација која на последното Европско првенство изненади многу силни противници, за Норвешка да не зборуваме. Одработивме добри подготовки, мислам дека имаме свои адути, можеби е добро да ги спомнеме овие аргументи да знаеме до каде сме, да не наметнеме дека сме фаворити.

Имаме една добра база, еве работиме веќе една и пол година, направивме многу за тој период. Се пласиравме на ЕП, победивме добри репрезентации како Данска и Швајцарија, потоа во мундијалскиот бараж славевме против силни селекции Романија и Чешка. Да, помогнавме јас, Миркуловски и Стоилов, но ги немавме тие главни улоги во тие баражи. Така што, сето тоа ме радува, ми дава надеж дека можеме да одиграме едно квалитетно Светско првенство. Направивме некој систем кој треба да се надградува, верувам во момците, ќе имаме поддршка од нашите навивачи како и секогаш. Нека биде за цел да се пласираме во тој втор круг, ќе се бориме и против Норвешка, и против Холандија и против Аргентина. Очекувам една квалитетна, борбена и растрчана Македонија – имаше разговор Лазаров за „Балкан-Хандбал“ пред контролните мечеви на „Кроација куп“ во Пореч против Хрватска и Израел.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ