ЉУПЧЕ ДОРИЕВ: Да ја израдуваме Струмица!!!

мај 22, 2019

Капитенот на „пандевци“ Љупче Дориев смета дека воопшто нема да биде лесно против искусниот тим на Македонија ЃП. Но желбата кај него и кај сите во А. Пандев е да се донесе пехарот во Струмица…

„Финалните натпревари секогаш се инспирација, посебно за нас фудбалерите. За мене, но и за нашиот клуб ова е прво финале и исклучително важен меч. Се подготвувавме одлично и ќе излеземе на Националната арена со една цел – да го донесеме трофејот во Струмица. Јасно е дека нема да биде воопшто лесно, иако имаме позитивен скор од првенството со Македонија Ѓ.П., но ова е сосема поинаков натпревар. Противникот е искусен тим и можеби тоа е предност во вакви финални натпревари, но квалитетот е на наша страна и ќе го дадеме максимумот од нашите можности да победиме“ коментира офанзивецот на струмичани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ