КУП: Убедлив триумф на Академија Пандев!

септември 20, 2018

Екипата на Академија Пандев ја забележа најубедливата победа во првите осминафинални натпревари совладувајќи го тимот на Брегалница со 6-2 во Штип.

Гостински победи во првите мечеви славеа уште Силекс, Победа, Беласица и Работнички кои ги совладаа Скопје (2-0), Гостивар (2-1), Пелистер (2-0) односно Тиквеш (1-0). Единствено Шкендија ја одбрани домашната чест и победи против Кит Го 2-0, а без победник заврши дуелот помеѓу Вардар – Македонија Ѓорче Петров (1-1).

Резултати: Брегалница – Академија Пандев 2-6, Скопје – Силекс 0-2, Гостивар – Победа 1-2, Пелистер – Беласица 0-2, Шкендија – Кит Го Пехчево 2-0, Тиквеш – Работнички 0-1, Вардар – Македонија ЃП 1-1, Кораб слободен.

Реваншите се играат на 3 октомври.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ