strumica denes logo

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Астраион во возбудлив натпревар го елиминира Вардар Неготино, ќе игра во четвртфинале

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Тимот на Астраион од Струмица, кој беше пријатно изненадување во Првата лига и до посленото коло беше во борба за место во плеј-офот, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Македонија.

Избраниците на Мики Пандев, иако не беа фаворити, сепак понесени од домашната публика во салата „Парк“ во Струмица го совладаа незгодниот состав на Вардар од Неготино во интересен натпревар со 21-24.

На полувреме беше нерешено, 12-12, но нападот на неготинци потфрли во второто полувреме, па Астраион го искористи тоа и ќе игра во четвртфиналето против тим од елитната конкуренција на Македонија.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Иванче Ончев со осум голови.