strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ ОД ДЕНЕШНИОТ СИМПОЗИУМ: Прекрасно е да чувството да се биде градоначалник на општина Струмица во моменти како што е овој!

Автор:

Датум:

ноември 4, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 4, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

„Прекрасно е чувството да се биде градоначалник на општина Струмица во моменти како што е овој, момент кој буди чувство на гордост…“. Со овие зборови го започнав мојот поздравен говор на денешниот Симпозиум „Спортот за државата, државата за спорт“ кој се одржува во хотелот „Сириус“, во организација на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа.

Имав задоволство да ги поздравам организаторите, учесниците – панелисти и спортските новинари од земјата и странство и да им посакам успешен симпозиум, истакнувајќи дека Струмица отсекогаш била и останува спортски град кој поддржува настани кои се во функција на развојот на спортот.

Посебно задоволство претставува и активното учеството на симпозиумот на Зоран Заев – основач и директор на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ и поранешен претседател на Владата на Република Македонија, како и на Васил Тупурковски – поранешен претседател на Македонскиот олимписки комитет.

КАДЕ, АКО НЕ ВО СПОРТСКА СТРУМИЦА…