strumica denes logo

КОНЕЧНО: Беласица победи по девет меча, забележа златен триумф над Шкупи!

Автор:

Датум:

април 1, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 1, 2019

Категории:

Спорт

Екипата на Беласица забележа злато вредна победа на домашен терен и со 2-0 (1-0) славеше над Шкупи, со што направи чекор напред во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Ѓоко Хаџиевски успеа да донесе прв триумф за струмичани по девет натпревари во македонскиот шампионат. Шкупи играше во одлична форма, се до гостувањето на „Младост“ каде се лизна и загуби.

Головите за триумф беа дело на Пепи Ѓоргиев и Душан Савиќ. Првиот погоди во раната фаза од натпреварот, уште во 10. минута, додека во 75. минута искусниот Савиќ стави печат на победата, со гол од белата точка.

Беласица со победата остана на деветтото место, но ги искористи киксовите на Победа и Силекс. Струмичани сега имаат 22 бода, пет повеќе од Победа, а два помалку од кратовчани на табелата.

Во наредното коло Беласица доаѓа во Скопје каде ќе се соочи со Работнички, додека Шкупи, кои има три порази во низа гостува кај Ренова.