(КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ) Ѓорѓиев: Кога бев мал навивавме за други, a сега ја имаме нашата Македонија на Европско!

јануари 17, 2021

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, не ги криеше емоциите по победата над Турција и новиот пласман на Европското првенство. Најдобриот наш одбојкар истакна дека овој успех е заслужен, затоа што Македонија игра светска одбојка, а на сите им порача во иднина да бидат заедно со националниот тим.

„Со БиХ тргнавме слабо, со Турција бевме подобри, после во вториот натпревар со БиХ бевме одлични и денес – експлозија! Го заслуживме ова Европско првенство, играме светска одбојка, без разлика на целиот стрес. Одигравме најдобро кога беше најтешко, ова е второ првенство за нас, секогаш најважно ми било да ја задржам константноста. Еве ја таа константност, се надевам дека пред македонската одбојка се многу првенства.

Благодарност до сите што беа со нас… јас кога бев мал мораше да навиваме за Бразил, Србија, Хрватска затоа што не игравме на големите настани. Сега, имаме преубаво лето. Фудбалери на ЕП, ракометари на СП, кошаркарите се борат за ЕП… Емил Павлов на Олимписките игри ќе се бори за медал. На сите им посакувам успеси, за оваа држава“, изјави Ѓорѓиев.

Македонија го чека вториот настап на Европските првенства и допрва ќе ги дознае ривалите. Во првиот настап во Словенија, нашите „спартанци“ за малку не успеаја да дојдат до пласман во втората фаза од натпреварувањето.

ИЗВОР: ГОЛ.МК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: