Клубот од Струмица доби нов тренер: Беласица го именуваше наследникот на Цицмиловиќ

август 1, 2018

Новиот македонски фудбалски прволигаш Беласица брзо го реши прашањето околу новиот тренер и денеска го објави наследникот на Раде Цицмиловиќ.

Цицмиловиќ во текот на вчерашниот ден си поднесе оставка поради тоа што не поседуваше  Про – лиценца по што клубот од Струмица се впушти во потрага која резултираше со ангажман на Марјан Живковиќ. Станува збор за стратег кој во минатото ги има водено екипите на Раднички Приот, Обилич, Хајдук Белград, Нови Пазар и Шенјанг Донгин од Кина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ