Ќе ниже ли Беласица изненадување до изненадување? Денеска на ред е Шкендија!

април 24, 2019

Беласица приреди вистинско изненадување со лесната победа од 2-0 против Академија Пандев во претходното коло од домашниот шампионат, со што остана во игра за опстанок во прволигашката конкуренција. Но, за струмичани се неопходни бодови во низа доколку сакаат да останат во елитата, па неизбежно триумф е потребен и во денешното 30. коло против Шкендија во Струмица.

А, можат ли „сините“ до победа против лидерот во шампионатот? И да не можат, веројатно мораат…

Свесни се и во редовите на Шкендија дека Беласица силно ќе атакува на победата, иако оттаму порачуваат дека и тие сакаат што побрзо да ја осигураат шампионската титула.

„На Беласица и се потребни бодовите за опстанок, но и ние сакаме што е можно побрзо математички да ја осигураме титулата. Одиме во Струмица за да победиме“ – вели репрезентативецот Марјан Радески.

А, главен ривал на Беласица во битката за опстанок е Силекс кој е пред тешко гостување против Ренова во Тетово.

„Ренова е меѓу четирите најдобри екипи во првенството заедно со Шкендија, Вардар и Академија Пандев. Играат убав напаѓачки фудбал. Секогаш одат на гол повеќе. Натпреварите кои ги загубија, ги загубија поради недостиг на среќа, а беа подобри противници. Тие ќе бидат фаворити бидејќи играат на домашен терен. Сепак, моите играчи ќе дадат максимум и се надевам дека на крајот ќе успееме да стигнеме до бодови, кои ќе ни помогнат во борбата за опстанок“ – вели тренерот на Силекс, Горан Симов.

ПМФЛ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ