КАКВА ЧЕСТ: ГОРАН ПАНДЕВ СМЕСТЕН МЕЃУ 11 НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

јуни 25, 2021

Не спласнува темата “Македонија на Европско првенство“, а задоволството е големо кога ќе се прочита вакво нешто во странскиот печат. Овие момци не успеаа да победат на ниту еден натпревар, ама ги освоија срцата на многумина.

Да те стави БиБиСи во најдобриот тим во тесно и одбрано друштво на ѕвезди, не е воопшто мала работа. Тоа му успеа на Алиоски, еден од нашите најистакнати репрезентативци кој има првотимски статус кај славниот Биелса.

Изгласан е во најдобриот тим по натпреварите во групната фаза и тоа заедно со Лукаку, Имобиле, Де Брујн, Вајналдум…

Ова е личен успех за Џани, еден вид на поени во кариерата, растење на цената, како и уште една нова реклама за Македонија.

Холандскиот портал „Нос Спортс“ пак преку свои анализи и проценки избра еден поинаков тим од досегашниот дел од Европското, но и таму се најде место за Македонец, а тоа е Горан Пандев. Што убаво. Во напад е заедно со Роналдо и Шик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ