Ракометната репрезентација на Македонија ги знае сите комбинации пред третото коло на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Австрија, Шведска и Норвешка и знае што треба да направи за да оди понатаму.
По поразот од Чешка, ситуацијата во групата се искомпликува. Австрија има две победи, Чешка исто така има една, а Украина е веќе елиминирана. Македонија има една победа и еден пораз, а во последното коло игра со Австрија.
За да оди понатаму Македонија треба да ја победи Австрија, со најмалку два гола. Во зависност од останатите резултати ќе се знае дали нашиот национален тим ќе пренесе бодови во наредната рунда.
Можно е Македонија да оди понатаму и со реми, ако Чешка во последната рунда загуби од веќе елиминираната Украина.