ИТАЛЈАНЦИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Пандев се врати од одмор 48 часа пред сите останати и сам го одржа првиот тренинг!

декември 27, 2019

Ветеранот во екипата на Џенова, Горан Пандев, го скрати својот одмор за да ги започне тренинзите за предизвиците во новата година.

Македонскиот репрезентативец тренираше сам, а неговите соиграчи ќе се вратат за два дена, поточно за 48 часа. 36-годишникот не сакаше да губи време и ја одржа првата тренинг-сесија во спортскиот центар Пио-Сињори.

Лошата форма на екипата, која со неколку порази во низа падна на последното место на табелата, го натера нашиот интернационалец да биде екстра мотивиран за време на празничниот период.

На 14 настапи во тековната сезона, Пандев постигна три гола, меѓу кои и евроголот кај Лече кој кандидира за најубав во месец декември.

Џенова ќе го пречека Сасуоло на 5 јануари во првиот меч во 2020 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: