ИСТОРИСКИ ДЕН, НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕЧЕКОТ НА ХЕРОИТЕ!

јуни 3, 2019

Експедицијата на Вардар попладнево во 18:50 часот ќе слета на аеродромот во Скопје, откако Град Скопје обезбеди чартер лет за новиот европски шампион во ракомет.

Општината на нашиот главен град од својот буџет ќе одвои 39.500 евра за да го реализира овој чертер-лет на вардарци и да им приреди достоен пречек на плоштадот „Македонија“.

Исто така, Вардар ќе добие и парична награда од Општината која ќе изнесува шест милиони денари. Во големото финале вчера попладне совладан беше Веспрем со 27-24.

Се очекуваат рекордни бројки на посета во Скопје, временските услови им одат во прилог на фановите и со сигурност нашата земја ќе испрати уште една порака како спортот обединува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ