strumica denes logo

Интер го враќа Горан Пандев?!

Автор:

Датум:

јуни 11, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 11, 2018

Категории:

Спорт

Угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави сензационална вест во која се вели дека италијанскиот гигант Интер во летниот преоден рок ќе се обиде да го врати во своите редови Горан Пандев.

За првпат по пауза од неколку години „Нероаѕурите“ ќе играат во Лигата на шампионите, што значи дека следната сезона ќе настапуваат на три фронта, па на тренерот Спалети му требаат играчи за ротација.

„Газета дело Спорт“ објави дека Пандев е една од идеите за клупата како замена за Мауро Икарди и Роберто Мартинез кој ова лето ќе го засили Интер.

Освен Пандев, како опции се спомнуваат Фабио Кваљарела, Диего Фалчинели и Кевин Лазања.

Горан Пандев во Интер ги помина најубавите денови од својата кариера. Тој во 2010 година дојде од Лацио, а потоа со „Нероаѕурите“ ја освои Лигата на шампионите, Серија А, италијанскиот куп, и пехарот на Светското клупско првенство.

Горан Пандев има 34 години, а договорот со Џенова му истекува во јуни 2019 година.