Perdormire
Спорт

ИНИЦИЈАТИВA НА СТРУМИЧАНИ: СТАДИОНОТ „МЛАДОСТ“ ДА БИДЕ ПРЕИМЕНУВАН ВО БЛАГОЈ ИСТАТОВ!

Струмичани едногласно на социјалните мрежи бараат стадионот „МЛАДОСТ“ во Струмица да биде преименуван во „БЛАГОЈ ИСТАТОВ“. Во коментар под постот може слободно да го дадете и вашето мислење.

Инаку, Стадионот Младост, или Градски стадион Струмица е изграден во 1950 година со капацитет од 9.200 гледачи, повеќе пати реновиран, сега веќе со 2 модерно опремени трибини со столчиња, од кои едната е покриена. Има околу 30 простории кои ги задоволуваат сите критериуми на ФИФА и УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари. На стадионот освен централното игралиште има уште 4 помошни игралишта.