И Џенова со честитка до Пандев: Ти си феноменален, ти си гордоста на Македонија!

март 22, 2019

Горан Пандев синоќа испиша историја во македонскиот фудбал и по Гоце Седлоски стана вториот репрезентативец со 100 натпревари зад своето име. Македонија со убедлива победа од 3-1 над Летонија ги отвори евро-квалификациите, а мечот беше одбележан токму по јубилејот на нашиот најтрофеен фудбалер.

Честитки за стотиот натпревар на Пандев стигна и од неговиот клуб, Џенова, кој испрати искрена порака на социјалните мрежи.

„Честитки Горан. Ти си феноменален човек и фудбалер. Ти со гордост на својата репрезентација. Ги заслужуваш аплаузите од цел меѓународен фудбалски свет“, гласеше пораката на италијанскиот прволигаш.

Пандев не успеа со погодок да го зачини својот историски меч, но повторно беше еден од најдобрите поединци на Ангеловски во стартната победа во квалификациите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: