strumica denes logo

И „БЕЛАСИЦА“ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА: ПАРИТЕ СОБРАНИ ОД ВЛЕЗНИЦИТЕ НА ДОМАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА, ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ЗА ТОМЕ!

Автор:

Датум:

април 26, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 26, 2019

Категории:

Спорт

Да ја покажеме хуманоста на дело!

До крајот на сезоната средствата од сите продадени карти на домашните натпревари на ФК Беласица кои ќе се играат на “Младост” ќе бидат донирани за Томе Јанев.

Во донацијата ќе се вклучат и сите фудбалери како и управата. Исто така на стадионот ќе биде поставена и кутија за донации.

Покрај тоа ФК Беласица ќе организира и дополнителни хуманитарни активности за собирање на средствата.

А во меѓувреме, донирајте на: 070 143 454 👈
И на трансакционата сметка: 210501707118375👈