Хусеин: Куп-триумфот е зад нас, против „пандевци“ сакаме победа и во првенството!

март 16, 2018

„Новиот“ Пелистер во средата го одигра најдобриот натпревар оваа пролет и со пресврт-победа обезбеди предност за полуфиналниот реванш од Купот на Македонија против Академија Паднев (2-1).

Овие две екипи за само три дена повторно ќе се судрат меѓусебно, овој пат во рамки од 24. коло на ПМФЛ. Проволигашнката средба ќе се одигра во Струмица, а помошник тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин за Gol.мк изјави дека Куп-победата треба да се остави зад себе и тимот ќе замине на ова гостување со цел да го извојува првиот триумф во првенството.

„Знаеме дека првенствениот натпревар ќе биде многу поразличнен од тој во средата. Академија Пандев на овој меч ќе биде посилна, бидејќи во составот ќе ги има и неколкуте првотимци без кои настапи во Битола, но наша цел е да го оставиме Куп-триумфот зад себе и да го дадеме максимумот за да ја извојуваме и првата првенствена победа над струмичкиот тим“, вели Хусеин.

Натпреварот меѓу Акедемија Пандев и Пелистер ќе се одигра на „Кукуш“ со почеток од 14.00, а во досегашните две прволигашки средби струмичкиот тим извојува победи од 2-0 и 3-4.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: