strumica denes logo

Херојот на Пандевци останува во Струмица уште една година

Автор:

Датум:

јуни 18, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 18, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Херојот на најмладиот македонски прволигаш Академија Пандев, голманот Душан Чубраковиќ ќе остане и во следната сезона меѓу диреците на струмичкиот клуб, откако пандевци денеска официјално потврдија дека ја продолжиле соработката со својот чувар на мрежата за уште една година.

Чубраковиќ, кој е единствениот странец во тимот на Академија Пандев, беше херој во финалето во Купот на Македонија, откако одбрани два пенали и на овој тим му го донесе првиот трофеј во историјата. Пандевци во финалето на пенали ја победија Македонија ЃП на крајот на минатиот месец.

Академија Пандев по историскиот успех денеска во 15.30 часот ќе го дознае својот противник за квалификациите за Лига Европа во дебито на меѓународната сцена, а можни противници на академците се Фехевар (Унгарија), Зрињски (БиХ), Шахтер Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азарбејџан) и Левски Софија (Бугарија).