ГРАНДЕ ПАНДЕВ: Среќа и мајсторија – Пандев легнат на земја даде гол за победа!

јануари 5, 2020

Џенова го слави Горан Пандев откако македонскиот капитен го постигна голот за победа над Сасуоло (2-1), со што оваа екипа си ги зголеми шансите во битката за опстанок. Голот дефинитивно е меѓу најсреќните во кариерата на „Гранде Пандев“, кој паднат на земја со глава успеа да ја смести топката во мрежата.

Резултатот гласеше 1-1 се до самиот крај, кога Џенова тргна во контранапад, а Пандев иако на залезот од кариерата успеа да истрча пред гостинските дефанзивци. Тој добро се снајде, па по одбиената топка иако беше паднат на земја, најде начин да ја затресе мрежата на гостинскиот состав.

Ова беше четврти погодок на Пандев сезонава и нема сомнеж дека Македонецот ќе биде меѓу главните адути на Џенова во битката за опстанок што ќе трае во преостанатиот дел од сезоната.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ