strumica denes logo

Гранде Горан продаде 90% од акциите во Академија Пандев!

Автор:

Датум:

мај 6, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

мај 6, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Пандев продаде најголем дел од акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев и тимот од следната сезона ќе добие нов сопственик.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како што се наведува во соопштението, легендарниот фудбалер продал 2.250 акции, односно 90% од целиот пакет, за сума нешто над 600.000 евра.

Се уште нема официјални информации кој е новиот доминантен сопственик на Акамдемија Пандев, но се верува дека фудбалскиот клуб Брера од Милано.

Претходните информации зборуваа за тоа дека фудбалскиот клуб Брера посакува да откупи две третини од акциите во македонскиот клуб, но очигледно дека Горан Пандев се решил за нешто поголем пакет, па во иднина тој ќе гравитира околу клубот со само 10% од пакетот акции.