strumica denes logo

ГОРАН ПАНДЕВ СИНОЌА НЕ ГЛАСАШЕ ЗА ЛИОНЕЛ МЕСИ ЗА ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО СВЕТОТ!

Автор:

Датум:

септември 24, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

септември 24, 2019

Категории:

Спорт

Селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски и Горан Пандев, ги дадоа своите гласови за најдобар играч за 2019 година кој беше прогласен на гала-вечерта на ФИФА која се одржа во Милано.

Првото место го освои Лионел Меси, а Ангеловски и Пандев не дадоа ниту еден бод за Аргентинецот кој ги брани боите на Барселона.

Ангеловски гласаше за Вирџил Ван Дајк (5 поени), Садио Мане (3 поени) и Мохамед Салах (1 поен), а исто така и гласовите на Горан Пандев заминаа на иста адреса, однсоно Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Мохамед Салах.

Во име на медиумите од Македонија гласаше Мијалче Дургутов, за кого првиот глас замина кај Мохамед Салах, Лионел Меси беше втор, додека трет избор беше Ван Дајк.

Кај дамите, пак, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова ја погоди победничката и даде најмногу бодови за Меган Рапино, а потоа гласаше за Луси Бронз и Алекс Морган, додека селекторот Кирил Изов гласовите ги даде на Алекс Морган (5 поени), Мидема Вивиан (3 поени) и Елен Вајт (1 поен).