ГОРАН ПАНДЕВ И ЏЕНОВА ОСТАНУВААТ ВО СЕРИЈА А!

август 3, 2020

Горан Пандев и во следната сезона ќе се натпреварува во Серија А, откако синоќа извојува голема победа над Верона и ги собра потребните бодови за останување во италијанската фудбалска елита.

Нашиот Горан Пандев со асистенција учествуваше во победата од 3-0, а на фудбалерите на Џенова како да им падна камен од срцата и лудо го прославија опстанокот во Серија А.

Џенова долго време беше на самата линија од опасната зона, но на последните пет натпревари запиша три победи кои беа клучни за остварувањето на зацртаната цел.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ