ГОРАН ПАНДЕВ Е БРОЈ 1 ТЕМА И НА „СПОРТКЛУБ“ КОЈ ПИШУВА: Сè околу него е историско!

јуни 26, 2021

Името на Горан Пандев не престанува да кружи низ светските, но и балканските медиуми. Македонската легенда ја заокружи репрезентативната кариера со настап на едно големо натпреварување, Европското првенство 2020.

Српски „Спортклуб“ одвои време да напише долг текст за капитенот на Македонија. За него се пишува дека сè што прави е историско. Од голот во Грузија, па до начинот на кој што нашите репрезентативци го испратија во пензија на „Јохан Кројф Арена“.

Митот за Пандев започна во 2001 година, кога дебитираше во националниот дрес. По кратка пауза, во 2015 година се врати, по убедување на селекторот Игор Ангеловски. Одлуката да се повлече се случи во 2013 година, кога не беше задоволен од начинот на кој што се одвиваа работите во македонската репрезентација.

Дека ја донесе правилната одлука, потврда е пласманот на Европско првенство. Тоа е уште еден историски податок за македонскиот репрезентативен фудбал. Македонија првпат ја имаше честа да ја слушне химната на континенталниот собир, што само по себе беше „победа“ во очите на нашите навивачи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: