ГОЛЕМИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ГОРАН ПАНДЕВ ВЕЧЕРВА ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО 2020 ГОДИНА!

февруари 18, 2021

Агенцијата за Млади и Спорт вечерва ги прогласи најдобрите спортисти во нашата земја за 2020 година.

За најдобар спортист беше прогласен Горан Пандев, херојот кој го реализираше историскиот погодок против Грузија во Тбилиси за пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство кое треба да се одржи годинава.

За најдобра спортистка во Македонија е избрана каратистката Вероника Костова, а нејзината колешка Магдалена Божиновска е најдобра млада спортистка.

Најдобрите спортисти за 2020 година:

Најдобар спортист: Горан Пандев

Најдобра спортистка: Веронка Костовска

Најдобра федерација: ФФМ

Најдобар тренер: Игор Ангеловски

Најдобар национален тим: Фудбалска репрезентација на Македонија

Најдобар спортист со инвалидитет: Владимир Тркаљанов

Млад спортист: Роберто Ацковски

Млада спортистка: Магдалена Божиновска

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ