Perdormire
Спорт

ГЕНЕРАЦИЈА 2009 ГОДИНА НА ФК БЕЛАСИЦА, ВЧЕРА ЗАМИНАА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БЕЛГРАД, СРБИЈА

Младите таленти, родени 2009 година на ФК БЕЛАСИЦА, вчера заминаа за Р. Србија каде ќе учествуваат на силен меѓународен турнир “ДРАГАН МАНЦЕ КУП” кој го организира фудбалскиот клуб ПАРТИЗАН.

На овој турнир ќе учествуваат 188 екипи од Балканот и Европа, поделени во повеќе генерации.

Интересен податок е дека дел од натпреварите ќе бидат директно пренесувани на спортскиот канал
SportKlub 2.

Им посакуваме среќен пат и многу успех на нашите фудбалери и стручниот штаб.