Фудбалски турнир „75 години Гундиʺ во Струмица

април 27, 2018

На 29 април 2018 година (недела) во Струмица на стадион Младост со почеток во 12:00 часот ќе се одржи меѓународен фудбалски турнир за деца родени 2009-2010 година. На турнирот учество ќе земат: Левски и Славија од Софија, Супер Старс (Пловдив), Беласица и Академија Пандев од Струмица и Прилеп.

Турнирот е во организација на Труст ʺСина Бугаријаʺ, Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) и ФК Беласица и е во чест на 75 годишнината од раѓањето на легендарниот фудбалер на Левски (Софија) Георги Аспарухов. Идејата за организирање на овој турнир во Струмица доаѓа од фактот што единствената песна за Георги Аспарухов е напишана од струмичанецот Наско Џорлев во 1972 година, само една година по неговата трагична смрт. ʺБалада за Гунди и Котковʺ е исклучително популарна во Република Бугарија, а најмногу меѓу приврзаниците на фудбалскиот клуб Левски.

Турнирот ќе се спроведе во формат ʺФудбал-5ʺ. Секој тим ќе игра против секој учесник на турнирот по еден натпревар од две полувремиња во траење од 10 минути. За победник ќе биде прогласен тимот кој ќе освои најмногу поени. Во случај на еднаков број освоени поени, прво ќе се земе во предвид директниот натпревар помеѓу двата тима, а во случај на нерешен резултат победникот ќе се определи согласно гол-разликата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: