(ФОТОГАЛЕРИЈА) ТОШЕ ЗАФИРОВ УШТЕ ЕДНАШ ГО ЗАПИША СВОЕТО ИМЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА БОДИ БИЛДИНГОТ, ЛАЗО ДЛГИО МИ БЕШЕ ГОЛЕМА ПОДДРШКА – РЕЧЕ ТОЈ!

октомври 20, 2019

Тоше Зафиров кој важи за најдобриот македонски боди билдер на сите времиња повторно не воодушеви и изненади со својот настап на светското натпреварување ИБФФ ПРО ВОРЛД во Брежице, Словенија и во Македонија се враќа со сребро и бронза во две категории! Настапот на Зафиров во позадина беше збогатен со песната на македонската музичка икона „Игри без граници“ од Тоше Проески. На истиот собир настапија повеќе од 45 земји од светот со над 500 натпреварувачи меѓу кои беа од Јужна Африка, Израел, Полска, Белорусија, Украина, Индија, Аргентина, кои беа претставени од страна на најголемите професионалци во боди билдинг. Тоше Зафиров во својата категорија го освои респектабилното шесто место, а со настапот при песната „Игри без граници“ на македонската музичка икона Тоше Проески.

Тоше Зафиров исто така му се заблагодари на Лазо Длгио и неговиот внук Никола кои вложиле голем труд и помош во оваа важно натпреварување за него. Покрај Тоше, Габриела Зафирова во силна конкуренција меѓу 17 натпреварувачки на светско ниво, исто така успеа да се закити со еден сребрен и еден бронзен медал. Ова е голем спортски успех за Македонија! Честитки.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ