(ФОТОГАЛЕРИЈА) НАШИОТ ГОРАН ПАНДЕВ ДОБИ ИТАЛЈАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО!

февруари 25, 2019

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби и италијанско. Популарниот Гоче преку социјалните мрежи се пофали дека од денеска и официјално има италијанско државјанство.

Напаѓачот на Џенова речиси цела кариера ја мина на Апенините со исклучок на сезоната 2000/01, кога настапуваше з Беласица и во 2014/15, кога го носеше дресот на турски Галатасарај.

Неодамна во интервју за „Газета дело Спорт“ порача дека има желба да остане во Италија уште една сезона, по можност во Џенова, по што би ставил крај на професионалната кариера. Во меѓувреме рече дека посакува пласман со Македонија на Европското првенство во 2020 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ