strumica denes logo

ФОТО: За невидената бламажа на Костов од „Академија Пандев“, сеир прават дури и во Шпанија!

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Спорт

Вчерашниот ден донесе момент кој досега не е виден на фудбалските терени, барем не во Македонија.

Фудбалерот на Академија Пандев, Стефан Костов, заработи исклучување на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров поради срамен потег за кој сигурно требаше да размисли двапати. Тој со топка во рацете и трчаше по својот противник, а потоа истата ја фрли во неговите нозе и спречи контра напад на „лавовите“.

Судијата Ралевски немаше избор и му го покажа патот кон соблекувалната. Овој потег му донесе „популарност“ на 23-годишникот, за кого покрај балканските, пишуваат и шпанските медиуми.

Светски познатиот „АС“ одвои време за да ги насмее своите читатели со несекојдневната ситуација од македонското првенство.