(ФОТО) СТРУМИЧКИТЕ АЈДУЦИ ФАНТАСТИЧНИ: БЕЛАСИЦА ГО „ТРЕСНА“ БОРЕЦ И СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРВА ЛИГА!

март 10, 2018

Со головите на Горан Здравков и на Марјан Ташев Беласица во дрбито на Втората лига Исток го победи директниот конкурент Борец и сигурно чекори кон пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Дербито на 16. коло донесе квалитетен фудбал, а струмичани беа подобри и сега имаат пет бода предност пред второпласираната Брегалница. Борец падна на третата позиција по поразот во Струмица, што го искористија штипјани и со триумф од 1:0 против Плачковица на гостински терен ги прескокнаа велешани. Најзаслужни за оваа значајна победа беа струмичките Ајдуци кои навиваа фантастично цел натпревар.

Прв фаворит за првото место и директен пласман е Беласица, а во битката за втората позиција остануваат Брегалница, Борец и Кожув

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: