ФОТО: Старото дерби со две навивачки групи, „Ајдуци“ не го забораваат Бате Ване!

септември 2, 2018

Некогашното големо фудбалско дерби меѓу Беласица и Вардар е далеку од своите најдобри денови, но навивачките групи „Ајдуци“ и „Комити“, со своите песни, потсетија како беше некогаш во минатото кога играа овие два клуба.

Беласица и Вардар првпат играат меѓусебен дуел во елитата по 2005 година. Струмица се покажа како добар домаќин и ги отвори вратите за „Комитите“, кои дојдоа повеќе од стотина и имаа кореографии, меѓу кои една со пиротехнички средства.

„Ајдуците“, пак, беа на спротивната трибина и цел меч ја бодреа својата Беласица. На трибината имаа и нов бајрак, со ликот на легендарниот Ванчо Таковски, кој беше прв човек на клубот во најдобрите денови и кој почина во 2013 година.

Струмичани имаат голема почит за него, а „Ајдуците“ покажаа дека не го забораваат Бате Ване, кој во фудбалот лансираше имиња како Стојков, Пандев, Попов…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ