Горан Пандев и Дејан Илиев и покрај завршувањето на сезоната не размислуваат за одмор, откако вчера беа гости на тренингот на Академија Пандев.
Двајцата репрезентативци на Македонија своето слободно време го минуваат во родната Струмица, каде својата форма ја одржуваат со фудбалерите на освојувачот на Купот на Македонија, екипа која во овие моменти се подготвува за својот прв предизвик на европска сцена.
Академија Пандев ја забележа својата најуспешна сезона во македонската елита. ПМФЛ ја заврши на третото место, а за првпат се искачи и на врвот во националниот Куп.
„Пандевци“ денес ќе го добијат својот противник во првото квалификациско коло на Лигата на Европа, а можи противници им се Фехервар (Унгарија), Зрињски Мостар (Босна и Херцеговина), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефчи Баку (Азербејџан), Левски Софија (Бугарија).