Perdormire
Спорт

ФОТО: Андонова во Струмица им ги откри фудбалските тајни на најмладите

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, за време на клупската пауза беше гостин во Струмица каде ги едуцираше најмладите фудбалерки од редовите на Тиверија Струмица.

„Одиме јако со Наташа Андонова“, беше настанот кој се одржа на стадионот „Младост“, во организација на ЖФК Тиверија Струмица и Беласица. Покровител беше Општина Струмица, а на истиот зедоа учество повеќе од 50 девојчиња од повеќе фудбалски школи во Македонија.

Андонова е член на Барселона и веќе години наназад е наш најдобар репрезент од женскиот фудбал. Неготинката има завидна кариера и зад себе покрај настапи во шпанскиот гигант има и во дресовите на Розенгард од ШведскаПСЖ од Франција, Турбине Потсдам од Германија