ФК БЕЛАСИЦА започна со подготвките за новата сезона!

јули 10, 2019

На 08.07.2019 во понеделник беше извршена прозивката, со што официјално започна подготвителниот период за новата сезона на ФК Беласица. Првиот тренинг екипата на ФК Беласица го одржа на тренинг центарот во Гр.Балдовци. Во изминативе две седмици се работеше и по индивидуална тренинг програма.

Вчера беа извршени првите тестирања со кои ќе се утврди индивидуалната физичка состојба на секој фудбалер. Од среда (10.07), започнуваат со 2 тренинзи на ден на тренинг центарот во Гр.Балдовци.

Тренинзи обработуваа и новите засилувања, кои во текот на оваа недела ќе бидат официјално претставени.Во текот на претсезонскиот дел, ФК Беласица дел од припремите ќе ги одработи во Дојран, на спортскиот комплекс Истатов, а и ќе изигра неколку контролни натпревари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ