ФК БЕЛАСИЦА СЕ ВРАЌА ПОВТОРНО НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ, ПОРАЗЕНА ФК КАМЕНИЦА САСА СО РЕЗУЛТАТ 2:1!

септември 8, 2019

100% учинок на нашата струмичка екипа во новата сезона продолжува! ФК Беласица го отвори резултатот уште на почетокот на утакмицата, во 6та минута со погодокот на Митевски Зоран. Гостите израмнија во 26та минута. Голот за второто водство на нашата екипа и воедно конечниот резултат беше дело на Мирчевски Мартин во 59та минута. Асистент и за двата погодоци беше капитенот Александар Милушев.

Честитки до нашите фудбалери за издржливоста и борбеноста што ја прикажаа во текот на сите 90 минути.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: