ФК Беласица: Од Ренова нѐ навредуваа, а потоа и нѐ нападнаа!

ноември 23, 2018

По соопштението на Ренова, по инцидентите на натпреварот меѓу Беласица и Ренова во Струмица, со свој коментар на ситуацијата се јавија и домашните, кои ги отфрлија сите обвинувања од „гипсарите“.

Од Тетово истакнаа дека за инцидентот пред соблекувалната во кој бил удрен Балдовалиев виновни се струмичани, но од Беласица имаат друга приказна.

Во продолжение, прочитајте го соопштението на струмичани:

„Не можејќи да го прифатат поразот и да ја бараат вината помеѓу своите редови, челните луѓе на ФК Ренова како и дел од фудбалерите јавно удрија по ФК Беласица и нашите фудбалери.

Денешната победа на ФК Беласица е чиста и регуларна. Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар и беа подобрата екипа на теренот. Тетовчани вината нека ја бараат кај себе, а не со тотално безсмислена и не аргументирана „реакција“ да ја деградираат денешната победа на нашата екипа.

Остро ги осудуваме сите обвинувања насочени кон нас и нашите фудбалери. Особено информацијата дека во подтрибинскиот простор нашите фудбалери физички ги нападнале гостинските. Тотално нонсенс обвинување.

Главни иницијатори на случувањата во подтрибинскииот простор беа токму гостинските фудбалери кои ѝ за време на натпреварот ѝ на крајот од натпреварот упатуваа навредливи зборови и закани кон нашите фудбалери. A нашиот фудбалер Зоран Балдовалиев сакајќи да ја смири тензичната ситуација, беше вербално и физички нападнат од гостинските фудбалери.

За среќа редарската служба и полицијата брзо реагираа и ја расчистија настанатата гужва“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ