ФК БЕЛАСИЦА ОБЈАВИ: Во овој момент најавуваме амбиции за експресно враќање во ПРВАТА ЛИГА!

мај 19, 2019

ФК БЕЛАСИЦА:

Минимален пораз на последниот натпревар сезонава на домашен терен, пораз после 6 натпревари кој значи крај на шансите за опстанок во ПМФЛ.

Во овој момент им честитаме на нашите фудбалери за покажаната борба и храброст, кои се до ова коло ги држеа отворени шансите за опстанок во елитата. Истите фудбалери кои под раководство на претходните тренери, беа етикетирани како фудбалери кои немаат квалитет за Прва лига. Токму тие фудбалери на последните 7 натпревари под палката на новиот стручен штаб, покажаа квалитет, желба и пожртвуваност, демантирајќи го нивниот став.

ФК Беласица од наредната сезона ќе игра во Втора МФЛ – Исток. Во овој момент најавуваме амбиции за експресно враќање во ПМФЛ.

#НапредПлави #ФКБеласица

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ