Струмичкиот прволигаш Академија Пандев потпиша нов четиригодишен договор со Филип Михаилов.
Филип Михаилов потпиша четиригодишен договор со Академија Пандев

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:
Филип Михаилов останува уште четири години во ФК Академија Пандев. Посебно е задоволството кога дете кое ги поминало сите младински категории на клубот ќе го достигне нивото да игра во сениорскиот тим. На Филип пред се му посакуваме добро здравје и со успех и гордост да го носи сениорскиот дрес. – стои во соопштението на клубот на социјалните мрежи
Претходно, како што е познато, Академија Пандев во своите редови ги врати и Ване Јованов, Ристе Темелков и Михаил Маневски по едногодишната позајмица во Брегалница од Штип. И тројцата, исто така, потекнуваат од младинската школа на клубот.
Засилување за тимот за новата сезона досега е и Стојан Стојчевски кој дојде од кратовски Силекс.