ФФМ НАТПРЕВАРОТ КОЈ ВО САБОТА ЌЕ СЕ ИГРА ВО СТРУМИЦА ПОМЕЃУ БЕЛАСИЦА-БРЕГАЛНИЦА ГО ПРОГЛАСИ ЗА НАТПРЕВАР ОД ВИСОК РИЗИК!

мај 16, 2018

Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од последното 27. коло во ВМФЛ Исток помеѓу Беласица и Брегалница го прогласи за натпревар од висок ризик.

Мечот кој се игра в сабота со почеток до 16:30 часот на „Младост“ Струмица ќе го одлучи патникот во бараж средбата за пополнување на Првата лига.

Беласица веќе е прволигаш, но Брегалница Штип за експресно враќање во Прва лига ќе мора да слави во Струмица доколку сака да заврши на второто место кое е загрозено од Борец кој е апсолутен фаворит во пресметката со Каменица Саса.

Штипјани веќе најавија дека ќе има организиран превоз за Струмица, а и фановите на Беласица најавија масовност за прослава на шампионската титула во ВМФЛ, па така сосема очекувано е што ова ќе биде натпревар со висок ризик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: