ЕКСКЛУЗИВНО: Струмичкиот суперталент Секулов од Јувентус доби повик да игра за Италија!

ноември 20, 2018

Никола Секулов, 16-годишниот македонски фудбалски талент кој настапува за Јувентус, доби повик да биде дел од У17-репрезентацијата на Италија, откако не се најде на списоците на македонските селектори.

Секулов требаше да биде лидер во младинскиот погон на „црвено-жолтите“, но не беше дел од последните списоци. Фудбалерот на Јувентус кој е роден во Пјаченца доби повик да игра за У17-реперзентацијата на Италија и ја прифати поканата.

Од семејството Секулови велат дека Никола нема да се откаже од националниот дрес на Македонија и се надева дека во иднина ќе се подобрат односите со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за повторно да го облече црвено-жолтиот дрес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: