ЕКСКЛУЗИВНО: НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ИГРА ВО СТРУМИЦА НА 16 ЈУНИ!

мај 21, 2019

Македонската ракометна репрезентација повторно ќе игра надвор од Скопје и дуелот против Грција кој ќе биде последен од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година ќе се игра во Струмица.

Иако беше најавено дека Скопје ќе биде град-домаќин на последниот домашен меч од евроквалификацискиот циклус, сепак, дојде до промена. На интернет-страницата на ЕХФ објавено е дека дуелот меѓу Македонија и Грција ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица.

Последен пат ракометниот национален тим во Струмица играше во 2013 година, кога имаше пријателски двомеч против Црна Гора.

Мечот меѓу Македонија и Грција е закажан на 16 јуни од 18:00 часот. Во првиот меѓусебен дуел во Кожани, нашиот национален тим срамно загуби од грчките ракометари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ